Маркетинг

За успешно позиционирање на производите и зачувување на носечкиот дел од пазарот, воспоставуваме и градиме цврсти односи со крајните потрошувачи, вршиме постојано следење на ситуацијата на пазарот и активностите на конкуренцијата. Во рамките на нашиот маркетинг сектор, функционира независен тим за промоции и организација на настани. Во склоп со глобалната маркетинг стратегија на нашите принципали и во постојана координација со нив, нашиот маркетинг тим ги врши сите услуги од делот на маркетинг и трејд маркетинг: истражување на пазарот, планирање и организација на активности за унапредување на продажбата, анализа на продажбата и пост куповното задоволство на потрошувачите, подготовка на POS материјали, организација на медиумски кампањи, креирање стратегија за позиционирање и репозиционирање на производите и секаков друг вид активности.