Што Ви нудиме
- Максимална поддршка и посветена комуникација ориентирана да Ве позиционираме Вас и Вашиот бренд кон водечката позиција на пазарот. Нашиот тим работи брзо и сигурно, и Вие можете да имате доверба дека секогаш ќе Ви ја даде вистинската информација и ќе Ви помогне да ја направите и имплементирате најуспешната стратегија за задоволување на потрошувачите и зголемување на продажбата.
- Максимален ефект и успех во превземање и репозиционирање на Вашиот бренд доколку сте веќе позиционирани на локалниот пазар. Нашиот менаџерски тим со голема посветеност и темелен пристап, а во целосна коордианција со Вас ќе ја креира вистинската стратегија за успех на македонсиот пазар.
- Максимална покриеност на пазарот, преку широка дитрибутивна мрежа, со посебно опремен магацински и деловен простор, според највисоки светски стандарди и современо опремен возен парк.
- Максимизирање на ефикасноста. Ова значи дека константно ги подобруваме логистичките процеси и постојано ги градиме вештините на нашите вработени, за да оствариме максимален ефект во сите сектори на работење.
- Максимално добра и стабилна соработка со клучните купувачи и синџири на продажба во земјата.
- Максимална грижа за производите, во текот на целиот процес на движење: од прием до испорака и позиционирање во маркети. Водиме специјална грижа за производите на полица, за да бидеме секогаш сигурни дека се во добра состојба, уредно позиционирани и достапни на крајниот купувач.
Без оглед дали сте големи или мали, со силни брендови или брендови кои штотуку почнуваат да се градат, сакаме да знаете дека сите наши добавувачи и партнери ни се подеднакво важни.
Ние постоиме за да Ви помогнеме да ги изградите Вашите брендови! Ние тоа го правиме Брзо, Сигурно и се докажавме на пазарот дека сме Достојни за доверба.
Веруваме и докажавме дека можеме да гледаме ДАЛЕКУ (FAR) и на долги далечини да ги пренесеме нашите брендови од почетна до водечка позиција на локалниот пазар.
So go Big and go FAR. Build your dream with Kolid S Team!