Што Ви нудиме

Нашата дефиниција за победа е определена од успехот на Вашите маркети. Победата ја потпираме на неколку работи:

⁃Ние знаеме дека малопродажниот бизнис носи се поголем предизвик и бара неограничено вложување за успех. Во исто време сме свесни дека за да испорачате врвна комерцијална услуга зависите и од услугата, квалитетот и брзината на Вашите доставувачи и дистрибутери. Ние Ве разбираме.

Ние имаме искуство, одлични партнерски односи, ефикасен логистички систем и одлични алатки за подршка, кои се интегрирани на начин да Ви помогнат да станете што е можно попрофитабилни.

Широко портфолио на светски и домашни брендови. Генерални застапници сме за многу познати светски и регионални брендови.

Ние го познаваме пазарот. Заедно со нашите добавувачи, постојано ги следиме трендовите на пазарот и желбите на крајните потрошувачи. Затоа со сигурност можеме да кажеме дека нашите брендови се препознаени и прифатени од своите потрошувачи бидејќи се инспирирани од нив.

Посебна маркетинг стратегија за секој бренд. Секој производ го поддржуваме со јасна и најсоодветна стратегија за позиционирање и висока фрекфенција на излезност од продажните објекти.

⁃Нашите комерцијалисти се достапни, лесни за комуникација и обучени да Ви помогнат во одлуката кои прозводи да ги нарачате, во кои количини, каква цена да формирате и како најдобро да ги позиционирате на рафтовите.

⁃За унапредување на продажбата во самите објекти, обезбедуваме соодветна акциска и промотивна поддршка,применувајќи современи мерчендајзинг стандарди.

Тим од обучени мерчендајзери постојано работи на рафтовите во Вашите маркети и се грижи робата да биде уредно изложена, потенцирана и достапна во оптимални количини.

⁃Ние Ви нудиме дневна достава до сите маркети. Робата се испорачува во рок од 24 часа, уредно спакувана и зачувана. Од фабриката па се до Вашите маркети, робата се транспортира, складира и чува во строго контролирани услови предвидени од производителот. Нашиот систем на магацинско работење гарантира безбедно и уредно маневрирање со стоката и чување на производите во соодветни температурни услови.

Со радост ја очекуваме можноста да ги ставиме нашите услуги во служба на Вашиот успех!