За купувачите

Задоволување на потребите на крајните потрошувачи е наша заедничка цел, она што не стимулира и ни помага да ја преминеме секоја пречка за да станеме побрзи, подостапни и посигурни. Ние сме тимот на кој што можете да се потпрете, за да бидете успешни и да профитирате.

Нашиот старт во 1994 година беше многу скромен но со напорна работа и секогаш држејќи се до визијата да бидеме една од водечките дистрибутивни компании, стигнавме до она што сме денес: застапуваме голем број мултинационални и регионални компании, располагаме со големи магацински и деловни објекти, современ возен парк, амбициозен тим на вработени и продолжуваме да се развиваме. Станавме препознатливи на пазарот водени од нашите суштински принципи кои подоцна станаа наши силни компетенции врз кои се потпира растот на компанијата: флексибилност, достапност и интегритет.