Кариера

Вработените се многу важен дел во системот на работење на нашата компанија и движечка сила во остварувањето на компаниските цели. Тие се лојални, амбициозни и професионални, подготвени да напредуваат во своето знаење. Од нив очекуваме да бидат љубезни, флексибилни и комуникативни, способни за тимска работа и компетентни да одговорат на потребите на нашите соработници.

Ние постојано вложуваме за нивно понатамошно усовршување, преку различни облици на обука и едукација, применливи за решавање на новите работни предизвици. Во делот на вработувања, нашата компанија бележи интензивен раст и постојано отвара нови работни места во сите сектори на работење.

При вработување на нови кадри, користиме транспарентни процеси за проверка и селекција кои ги издвојуваат кандидатите кои најдобро ги исполнуваат бараните критериуми за конкретната работна позиција.

Ако ги поседувате овие квалитети и сакате да бидете дел од нашиот работен тим Ве молиме испратете ја Вашата лична биографија на contact@kolid.com.

Ние ги вреднуваме Вашите способности и искуство. Ние Ви нудиме можност за успешна кариера и усовршување.