Вредности

Во работењето на еден современ и успешен дистрибутивен систем, можат да се вклопат само задоволни, способни и посветени вработени. Она што денес го гледаме е дека со постојано инвестирање во вработените и константен интегритет кон нив и нашите партнери и клиенти, станавме компанија која расте неверојатно брзо и успешно, со силни и постојани партнерски односи.

Мотото под кое работиме, и кое е одлика за нашата компанија е: Брзи, Сигурни и Достапни. Нашите вредности се дефинирани преку нашиот акроним FAR (Fast, Accessible, Reliable):

  • Секогаш се трудиме да бидеме брзи (Fast), подвижни и флексибилни. Да одговориме на потребите на пазарот навремено а оттаму и на потребите на нашите клиенти и соработници.
  • Ние сме достапни (Accessible). Кон нашите партнери пристапуваме искрено и одговорно, настојувајќи грижливо да ги задоволиме сите нивни барања во право време. Развиваме пријателски дух и компетентните вработени се секогаш тука за да одговорат.
  • Дејствуваме со големо внимание, посветеност и компетентност, а брендовите кои ги дистрибуираме, ги третираме како свои и целосно се посветуваме за нивно индивидуално изградување на пазарот. Ние сме достојни за доверба (Reliable).