Дистрибутивна мрежа и логистика

Преку добро развиената дистрибутивна мрежа и логистички систем Kolid S Team ја покрива целата територија на Република Македонија. За да го постигнеме тоа ги користиме сите расположиви канали за досегнување на соодветните сегменти на пазарот согласно со целите за развој и стратегијата на продажба за секоја одделна група на производи.

 

Kolid S Team поседува три дистрибутивни центри со деловен и магацински простор, соодветно распоредени да ја покриваат целата територија на земјата брзо и достапно. Главниот центар се наоѓа во Скопје близу до новата обиколница, што и дава на компанијата многу поволна лигистичка позиција. Вториот дистрибутивен центар се наоѓа во Колешино и ја покрива територијата на Југоисточна Македонија, а третиот во Битола и го покрива регионот на Југозападна Македонија.

 

Вкупниот магацински и деловен простор на компанијата брои површина од 6000m2.

 

Имајќи ги во фокус потребите и желбите на крајните потрошувачи, обезбедуваме навремена, брза и сигурна испорака до сите ланци и малопродажни објекти во земјата. За брзо и ефикасно исполнување на истите, Kolid S Teamпостојано и интензивно инвестира во логистичко и стратегиско планирање, нови информациски технолигии, професионална работна сила и опремен возен парк.

 

За повеќе информации прочитајте во делот Услуги