Историја

Компанијата Колид беше основана во 1994 година.

Започнавме со дистрибуција на малите брендови Aten, Fedon и на други локални брендови, за денес да станеме генерални застапници и дистрибутери за регионалните лидери Duel, Spin, Polimark, Yuhor, Misko...

Успехот го загарантиравме со глобалните брендови Barilla, Lipton, Wudy и Regina, и продолжуваме понатаму...

Следејќи ги светските трендови на фокусиран настап и специјализација на посебно таргетирани програми, во 2012 година, се основаа две независни дистрибутивни компании, од каде произлезе и Kolid S Team.

Kolid S Team денес е дел од интернационалната групација Kolid Group.

Оваа групација поседува повеќе компании за дистрибуција и производство во Република Македонија и во регионот.