За Нас
Колид С Тим е една од водечките дистрибутивни компании во Македонија за брзо движење на стоки за широка потрошувачка, со застапништво на многубројни регионални и глобални брендови.
Нашата Сторија
Kolid S е една од најголемите дистрибутивни компании во Република Македонија за производи за широка потрошувачка, присутна на пазарот од 1994 година.
Големината ја градевме и продолжуваме да ја градиме на неколку силни столбови: искусен и професионален тим, постојана инвестиција во клучните ресурси, силната визија и најмногу преку стратегиската ориентираност кон задоволување на потребите и желбите на крајните потрошувачи.
Искусниот и професионален тим на Колид С е подготвен да одговори на секое барање за квалитетна дистрибуција до големите системи, ланци на маркети и до различните видови малопродажни објекти.
Како компанија постојано инвестираме во јакнење на клучните ресурси за создавање на современа дистрибуција, преку темелно градење на стабилна дистрибутивна мрежа, соодветно портфолио на производи, современ и опремен магацински простор и широк возен парк.
Нашето Мото
Нашиот успешен и современ дистрибутивен систем функционира ефективно поради нашата посветеност кон нашите вработени, како и потребите за обука и усовршување.
Ги видовме плодовите од инвестирањето во потребите и третманот, како со нашите вработени, така и со нашите клиенти со најголем интегритет.
Поради ова, нашата компанија расте со неверојатно темпо и постигнува висока стапка на успех одржувајќи силни и доследни односи со нашите партнери и вработени.
Мисија
Нашата мисија како Колид С е да градиме силни брендови преку препознавање и задоволување на потребите на потрошувачите на пазарот.
Тоа го правиме преку стратегиска анализа и следење на пазарот, препознавање на неговите потреби, желби и трендови, избирање на најефикасните канали на дистрибуција и јасна и ефикасна продажна стратегија и сето тоа во постојана координација со нашите принципали.
Визија
Нашата визија е да станеме национален, водечки градител на брендови кој го поседува носечкиот дел од пазарот, поврзувајќи ги производителите со потрошувачите на начин што е брз, достапен и сигурен.
Принципите на општествена одговорност се клучни компоненти на Колид С. Поддржуваме проекит кои овозможуваат обнова и развој на општестевените сегменти.
Вредности
Секогаш се трудиме да бидеме брзи, подвижни и флексибилни. Да одговориме на потребите на пазарот навремено, а оттаму и на потребите на нашите клиенти и соработници.
Кон нашите партнери пристапуваме искрено и одговорно, настојувајќи грижливо да ги задоволиме сите нивни барања во право време. Развиваме пријателски дух и компетентните вработени се секогаш тука за да одговорат.
Дејствуваме со големо внимание, посветеност и компетентност, а брендовите кои ги дистрибуираме, ги третираме како свои и целосно се посветуваме за нивно индивидуално изградување на пазарот.
Важни индикатори
АКТИВНОСТИ НА КОМПАНИЈАТА ИЗРАЗЕНИ ВО БРОЈКИ
Колид С Тим константно остварува раст и позитивни резултати кои може да се истакнат преку важни показатели на работењето.
Години искуство
Вработени
Возила
Брендови
Складишта
Фабрика
Контакт
Колид С Тим Скопје – Продажба и Маркетинг
Ул. 5 Визбегово бр.43, Скопје
Република Македонија
✉️: [email protected]
📞: +389 (0)2 55 14 200
Колид С Тим Струмица – Финансии и сметководство
Колешино бб, Струмица
Република Македонија
✉️: [email protected]
📞: +389 (0)34 351 030
Колид С Тим – Битола
Индустриска бб, Битола
Република Македонија
✉️: [email protected]
📞: +389 (0) 47 22 33 93